Иванов му изрази подршка на Обама за Авганистан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов му испратил писмо на американскиот претседател Барак Обама по повод објавувањето на новата стратегија на САД за Авганистан, соопштуваат од претседателскиот кабинет. Во писмото Иванов му ја искажува подршката за мисијата и дека Македонија ќе остане со САД до остварувањето на крајната цел. Тој додал и дека ги почитува нивните напори во создавањето на побезбеден и подемократски свет. Според Иванов мирот и стабилноста можат да се одржат со унапредување на регионалната и глобална безбедност.