Бугарија ја поздрави визната либерализација за Македонија

Бугарскиот министер за надворешни работи Румјана Желева денеска испрати писмена честитка до шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски со која ја поздравува одлуката на Советот на Европа за визната либерализација за Македонија. Во писмото таа наведува дека нејзината земја како подржувач за визната либерализација на земјите од Балканот и претставува задоволство за успешно завршената работа и дека сега слободното движење на граѓаните на Македонија ќе ги подобри меѓусебните контакти и односи.