Расмунсен: НАТО да испрати уште 5000 војници во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмуссен изјави дека очекува земјите членки на Алијансата да обезбедат најмалку уште 5.000 војници за Авганистан. Оваа негова изјава доаѓа по објавата на американскиот претседател Барак Обама дека САД ќе испрати уште 30.000 војници во Авганистан.