Груевски се среќава со Баросо

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Агенцијата Бета јавува дека Груевски ќе има средба и со еврокомесарот за проширување Оли Рен. Според информациите објавени деновиве во медиумите, средбата со Баросо била неизвесна доколку не се постигне некаков опиплив резултат во разговорите меѓу Груевски и Папандреу.