Србија ги кажа своите аргументи пред судот во Хаг

Србија денеска пред меѓународниот суд за правда во Хаг соопшти дека декларацијата за независност на Косово го поткопала меѓународното право, како и сувернитетот на Србија. Тие побараа од судот и правно мислење за тоа колку е легално прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година. Своите аргументи пак Косово ги презентираше попладнево. Мислењето на судот не е правно обврзувачко, но тоа будно ќе се следи од другите земји кои имаат слични проблеми. Одлуката најверојатно ќе се донесе за неколку месеци.