Во Атина најавена средба Милошоски, Друцас

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас на денешната средба на маргините од состанокот на ОБСЕ во Атина ќе разговараат името, но не за детали, бидејќи тој процес се води во Обединетите нации. Ова денеска, како што јавуваат агенциите, го најавил портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григори Делавекурас. Милошоски попладне ќе има обраќање на пленарната седница во кое ќе се осврне врз придонесот на Македонија за зачувување на светскиот мир.