Русија предлага нов безбедносен договор за Европа

Во Атина денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ на кој, меѓу другото, ќе се расправа за рускиот предлог за нов евроатлантски безбедносен договор. Според Кремљ, тој би придонесол за конечно раскинување со Студената војна. Агенциите јавуваат дека рускиот договор не наидува на поддршка меѓу 56 земји членки на ОБСЕ. Соединетите држави, Британија и Франција изразија сомневање дека со тоа се отвора патот за формирање на уште една политичка и воена структура која ќе десјтвува покрај НАТО и ОБСЕ. На состанокот во Атина нема да учествуваат шефовите на дипломатиите на Соединетите држави, Британија и Германија.