Груевски - Папандреу бара промена на името и идентитетот

Македонскиот Премиер Никола Груевски денеска за Канал 5 изјави дека грчкиот Премиер Јоргос Папандреу на средбата во Пили – Преспа во петокот му рекол дека грчката позиција не е само промена на името туку и на идентитетот на Македонија. Груевски, за овој грчки став, рече дека бил информиран и од медијаторот на ОН Метју Нимиц, но, не изјави кога тоа се случило. Груевски на Папандреу му одговорил дека за такво нешто нема мандат. Македонскиот Премиер за Канал 5, исто така, изјави и дека е речиси сигурен оти на 7 Декември на самитот во Брисел, ЕУ ке го забележи напредокот на Македонија со формулацијата дека земјата е подготвена да започне преговори со Унијата кога ке го реши спорот со Грција.