Србија и Црна Гора задоволни од визната либерализација

Претседателот на Србија Борис Тадиќ на заедничката прес-конференција со еврокомесарите Жак Баро и Оли Рен во Брисел изјави дека ставањето на Србија на белата шенген листа е прв чекр кон целосната интеграција на земјата во Европската унија. Тој истакна дека Србија преговорите за полноправно членство во ЕУ ќе ги почне што е можно поскоро и оти се надева на големи успеси во најкус можен рок. Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ пак оцени денеска дека денешната одлука на Советот на министри за внатрешни работи и за правда има повеќекратна вредност и корист за граѓаните на Црна Гора.