Русија против ширењето на НАТО

Намерата на НАТО „забрзано да ги вовлече“ во таквиот сојуз Црна Гора и Босна и Херцеговина е противречна на безбедносните интереси во Европа и на Балканот, изјавил денеска постојаниот претставник на Русија во Северноатлантската алијанса, Дмитриј Рогозин. Тој навел дека Русија останува на ставот дека ширењето на НАТО е во спротивност на безбедносните основи на европскиот континент.Неговата изјава доаѓа пред 3 декември кога се претпоставува дека на минисетрскиот состанок на НАТО ќе биде разгледувано дали БиХ и Црна Гора ќе се вклучат во Програмата за акциониот план за членство.