Иран:уште има простор за дијалог за нуклеарната програма

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани денеска изјавил дека сеуште има простор да се разговара за иранската нуклеарна програма. Претходно тој го објави планот дека Иран ќе гради 10 нови постројки за збогатување на ураниум. Планот на Иран беше одговор на стратегијата која во петокот ја донесе Маѓународната агенција за атомска енергија , во која се бара Техеран да запре со збогатувањето на ураниум.