Иванов упатил писмо до генералниот секретар на НАТО

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен , во кое ја повторува определбата на земјата да ги исполни своите стратешки цели, членството во ЕУ и во НАТО.Во писмото Иванов ги споменал сите мисии во кои учествуваат македонски војници и споменал дека во иднина Македонија размислува да го зголеми учеството во мисиите во странство.Иванов во писмото навел дека е убеден дека не е далеку денот кога Република Македонија и формално ќе го заземе местото во големото Евро-атланско семејство, кое всушност и го заслужува.