Караџиќ не го признава судот во Хаг

Радован Караџиќ, обвинет за воени злосторства, оценил дека Хашкиот Трибунал не е легален и нема легитимитет за да му суди. Во неговото писмо, објавено денеска, Караџиќ наведува дека Советот за Безбедност на Обединетите Нации ги надминал своите овластувања кога го формирал судот во 1993-та година. Караџиќ се соочува со казна доживотен затвор за воени злосторства и гоноцид за време на војната во Босна и Херцеговина.