Демјанук пред суд во Минхен


Во Минхен денеска започнува судскиот процес против 89-годишниот Иван Џон Демјанук, обвинет за воени злосторства од времето на наистичката ера. Државното обвинителство го товари Демјанук дека учествувал во убиството на најмалку 29 илјади европски евреи во логорот Треблинка. Демјанук, по потекло украинец, се борел во редовите на Црвената Армија, но бил заробен, а потоа на нацистите им служел како чувар во логорот.