На Иран му истекува рокот, став на САД

Соединетите Држави соопштија дека времето истекува за Иран кој треба да одговори на меѓународната загриженост во врска со неговата нуклеарна програма. Соопштението од Белата Куќа доаѓа откако Иран објави дека планира да изгради уште 10 нови постројки за збогатување ураниум. Германиија изрази голема загриженост од ваквите планови на Иран, а британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд го обвини Иран дека се обидува да ја испровоцира меѓународната заедница.