Иран ќе гради 10 постројки за збогатување на ураниум

Владата на Иран денеска ги објавила плановите за изградба на 10 нови постројки за збогатување на ураниумот. Изградбата на постројките треба да започне за 2 месеци, јавила државната агенција ИРИБ. Со тоа се затегнуваат уште повеќе односите со западните сили , кои се сомневаат дека Исламската Република има цел да прави нуклеарни бомби. Претходно денеска претседателот на иранскиот парламент предупреди дека Техеран може сериозно да ја намали соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија, откако тие претходно донесоа резолуција со која се забранува збогатување на ураниумот.