Хисени:Косово со силни аргументи ќе ја брани независноста

Министер за надворешни работи на Косово,Скендер Хисени изјавил денеска дека застапниците на Косово пред Меѓународниот суд во Хаг ќе претстават силни докази за независноста. Во вторник, на 1 декември, започнуваат сослушувањата во Меѓународниот суд по прашањата за легитимноста на независноста на Косово, на барање на Србија, која не ја признава независноста на Косово . Хисени отпатувал вчера во Хаг со тим адвокати, предводени од британскиот експерт Мајкл Вуд.