Во Авганистан, убиени 27 Талибанци

Во престрелките меѓу безбедносните сили и милитантите во провинцијата Хост во Авганистан, се убиени 27 Талибанци, соопштила полицијата. Талибанците ноќеска нападнале гранична станица , на што авганистанските и сојузничките сили возвратиле со воздушни напади и борбите траеле неколку саати, изјавил началникот на граничната единица, Ахмад Коци. Според него поголем дел од загинатите се борци од странство.