Грчката „Нова демократија “ избира лидер

Членовите на грчката опозициска партија „Нова демократија“ денеска избираат наследник на досегашниот лидер Костас Караманлис, кој си поднесе оставка по поразот на парламентарните избори одржани на 4 октомври. Според последните анкети на јавното мислење, поранешниот шеф на грчката дипломатија Дора Бакојани и екс-министерот за култура Антонис Самарас имаат речиси подеднакви шанси за победа.