Муслиманите го каменуваат гаволот

Милиони муслимански аџии денеска присуствуваат на церемониите на симболично каменување на ѓаволот, на денот на затворањето на годишниот аџилак во Саудиска Арабија. Околу 3 милиони верници,фрлаат камчиња врз трите ѕидови во пустинската долината Мина, за да на симболичен начин го избркаат гаволот. Исламскиот аџилак во светите места во Саудиска Арабија е најголемиот годишен собир на луѓе во светот.