Бугарите именувале ракија по премиерот

Бугарските земјоделци ја именувале нивната лозова ракија „Борисовка„ во чест на премиерот Бојко Борисов, за да му се заблагодарат што парламентот не го изгласа законот со кој тие требаше да плаќаат повисоки даноци за алкохол. Новата влада на Борисов се откажа од намерите да ги зголеми давачките за алкохол, откако јавноста покажа дека е лута на тоа што сакаат да се запрат вековните традиции на домашно произведување на вино и ракија.