Алабанија ја одбележува годишнината од независноста

Во Албанија денеска се одбележува 97-годишнината од независноста на земјата. Со многу свечености се одбелжува денот кога во 1912-та во Тирана и во приморскиот град Валона, со подигнување на националното знаме била прогласена независноста на албанската држава од страна на првиот албански премиер Исмаил Ќемали. Но власта и опозицијата и на денешната прослава останале раскарани, така државниот врв славел во Тирана, а опозициските лидери во Валона.