Зардари се откажа од контролата на нуклеарното оружје

Претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари му ја предал одговорноста за контрола врз нукларното оружје на Премiерот, Јусуф раза Гилани. Зардари се одлучил на таков чекор, бидејќи на полноќ му истекува амнестијата и тој ќе се соочи со обвиненија за корупција и за криминални дејствија. Зардари беше под голем политички притисок неодамна, и на неговата одлука за споделување на одговорноста се гледа како на обид да си ја задржи работата