Бегство од затвор во Авганистан

Десетина затвореници избегале преку ноќ од затвор во западната провинција Фарах, во Авганистан, соопштила полицијата. Шефот на локалната полиција изјавил дека затворениците избегале преку тунел кој го ископале под нивните келии кон надвор. Двајца од затворениците кои избегале биле Талибанци, другите биле дилери со дрога и криминалци.А тринаесет затвореници биле уапасени при обидот за бегство. Тие објасниле дека планот бил пополека да се празни затворот преку ноќ Во затворот имало околу 300 затвореници, а бил предвиден само за 80.