Силна екплозија во централен Кабул

Западните медиуми јавија дека изутрината во Кабул се слушнала силна експлозија за која причината засега не е позната. Според сведоци, експлозијата се случила во централното подрачје на главниот град на Авганистан. Според новинската агенција АФП експлодирала направа во канта за ѓубре. Се претпоставува дека нема жртви.