Царинска унија меѓу Русија, Белорусија и Казахстан

Русија, Белорусија и Казахстан денеска во Минск потпишале серија документи со кои основаат царинска унија, соопштија руски и белоруски медиуми. Оваа одлука е резултат на комплицирани преговори, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев. Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко прецизира дека царинската унија стапува во сила од први јули наредната година.