Заменик шефот на бугарската дипломатија поднесе оставка

Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Красимир Костов, кој е надлежен за односите со Европската Унија, си поднесе оставка по откривањето дека тој соработувал со бившата комунистичка тајна служба, соопшти бугарската влада. Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја прифатил оставката.