Иран предупредува да не му се закануваат

Иранскиот пратеник во Меѓународната Агенција за Атомска Енергија, Али Солтаниех ја предупреди Агенцијата да не му се заканува на Иран и да не користи остри зборови. Инаку, бордот на директори на Агенцијата денеска во Виена ќе гласа за резолуцијата, предложена од големите сили, со која се бара од Иран да ја запре изградбата на постројки за збогатување ураниум.