Изборите во Украина нема да ги исполнат стандардите?

Европските законодавци го искритикуваа украинскиот изборен систем, откако ја започнаа мисијата на надгледување на нивните претседателски избори. Водечките набљудувачи на Советот на Европа изјавија дека не очекуваат изборите, закажани за јануари идната година, да поминат според стандардите. Тие сугерираа дека демократијата е нарушена поради големото ривалство меѓу кандидатите, како и поради корупцијата на медиумите.