Прогноза за времето- попладне наоблачување

Времето денеска ќе биде сончево и тивко, по котлините со слаба магла. Попладне ќе настапи зголемување на облачноста. Утринската температура се движи од минус четири до два, а дневната ќе биде од 13 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаба магла претпладне. Утринската температура се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.