Во Шпанија нов закон за имиграција

Парламентот во Шпанија денеска изгласал закон за реформи во имиграционата политика, според кој отсега на странците ќе им биде многу потешко да влезат во земјата илегално, а на имигрантите во Шпанија ќе им се отежни процедурата за доведат свои роднини во земјата. Најголема причина за носење на овој закон е економската криза поради која бројот на невработени достигнал 18 проценти. Невладините групи кои се занимаваат со правата на имигрантите, најмногу го критикуваа делот од законот според кој полицијата има право ако фати некого кој влегува илегално во земјата да може да го држи 60 дена во притвор.