Осуден поранешен ирански министер за учество во постизборните протести

Поранешниот ирански министер за индустрија и заменик претседател на паламентот, Безад Набави, денеска е осуден на шест години затворска казна , поради учеството на постизборните немири во јуни.Тој е ослободен со кауција додека трае жалбената постапка. Иранкиот суд претходно го осуди и поранешниот замeник претседател Мохамед Али-Абтахи за истото дело, односно за нарушување нa националната безбеднoст и пропаганда против исламските власти.