Во Истанбул средба за напредокот на Турција кон ЕУ

Министрите на земјите членки на ЕУ и на Турција денеска во Истанбул ќе разговараат за напредокот на Анкара за членство во ЕУ. Турција ги започна преговорите за членство во 2005-та но досега малку напореднала кон Унијата. Франција и Германија се против нејзиното членство,а преговорите по 8 од вкупно 35-те поглавја се замрзнати поради спорот со Кипар.