Оставки на германски офицери поради инциденти во Авганистан

Двајца високи германски офицери денеска останале без работа поради нивната вмешаност во воздушните напади во Авганистан, при што загинаа десетици цивили. Главниот германски офицер Волфган Шнајдерхан денеска ја поднел својата оставка пред министерот за одбрана на Гермнија, Карл Теодор Гутенберг, а оставка си поднел и секретарот за одбрана Петер Вичет. Оставките уследија по извештаите на медиумите дека германскиот офицер наредил воздушни напади на 4 септември во Кундиз – Авганистан, при што загинаа многу цивили. Авионите на Алијансата стрелаа врз цистерни со нафта украдени од талибанците. Авганистанските власти соопштуваат дека при нападите загинале најмалку 30 цивили.