Медведев на 3 декември во посета на Италија

Рускиот претседател Дмитри Медведев на 3 декември ќе присуствува во кратка посета на Ватикан, каде ќе има средба со папата Бенедикт 16-ти, соопштуваат денеска од руската Влада. Медведев ќе ја посети Италија на покана на италијанскиот премиер Силвио Белускони, за
да имаат уште една рунда руско-италијански консултации. Рускиот претседател во јули изјави дека Москва ја разгледува можноста да се воспостават дипломатски односи со Ватикан.