Интернет „расте“ во Македонија

Педесет и два процента од македонската популација над 15 години користи интернет, покажуваат резултатите од студијата на ГФК Групацијата. Споредено со лани, интернет пенетрацијата во Македонија годинава бележи зголемување за два процента. Студијата на ГФК годинава евидентирала пораст на користењето на интернетот од страна на жените но мажите се и натаму побројни корисници.
Според старосната структура, евидентно е значително зголемување на бројот на интернет корисниците кај македонските граѓани на возраст од 25 до 34 години, исто како и на тие меѓу 35 и 44 години.