Германскиот офицер даде оставка поради инцидентот во Авганистан

Минiстерот за одбрана на Германија Карл Теодор Гутенберг денеска во Парламентот изјави дека главниот германски офицер Волфганг Шнајдерхан дал оставка. Тој, според Гутенберг не дал прецизни информации за инцидентот на 4 септември во кој, по негов повик беше извршен воздушен напад на НАТО во Кундиз – Авганистан кога загинаа 140 цивили. Авионите на Алијансата стрелаа врз цистерни со нафта украдени од талибанците.