Кина со конкретни цели против климатските промени

Кина соопшти дека ке ја скрати емисијата на карбон диоксид согласно Бруто домашниот производ од 40 до 45 насто до 2020 тата година споредбено со 2005 година. Ова е за прв пат Кина да постави одредена рамка во борбата против климатските промени. Претходно беше соопштено дека премиерот Вен Џибао ќе учествува на глобална конференција за климатските промени во Копенхаген од 7 до 18 декември на кој треба да се постави рамка за новиот договор за борба против глобалното затоплување кој ќе го замени Протоколот од Кјото. Белата куќа претходно соопшти дека претседателот Барак Обама ќе присуствува на конференција на 9 декември. Кина и Соединетите Држави се најголеми светски извори на гасови кои влијаат врз глобалното затоплување и нивното учество се смета за критично за да има напредок во Копенхаген.