Кинескиот премиер ќе присуствува во Копенхаген

Кина соопшти дека Премиерот Вен Џибао ќе учествува на глобална конференција за климатските промени во Копенхаген . Се очекува 65 светски лидери да учествуваат на собирот спонзориран од Обединетите Нации од 7 до 18 декември на кој треба да се постави рамка за новиот договор за борба против глобалното затоплување кој ќе го замени Протоколот од Кјото. Белата куќа претходно соопшти дека претседателот Барак Обама ќе присуствува на конференција на 9 декември. Кина и Соединетите Држави се најголеми светски извори на гасови кои влијаат врз глобалното затоплување и нивното учество се смета за критично за да има напредок во Копенхаген.