Неканети гости на вечера кај Обама

Богат брачен пар се провлече низ службите за безбедност за да присуствува непоканет на државната вечера во Белата куќа организирана во чест на индискиот премиер Манмохан Синг Американската тајна служба потврди дека Тарик и Мишел Салахи во вторинкот вечертва влегле, но дека тоа не ја загрозило безбедноста на претседателот Обама и премиерот Синг, бидејќи двојката минала низ безбедносните проверки како и другите 300 гости на вечерата. Салахи се веројатни учесници на реалити шоу за домаќинките во Вашингтон. Подоцна, тие на интернет ставиле слики на кои позираат со некои од гостите на вечерата како на пример со американскиот потпретседател Џо Бајден.