Економскиот развој- приоритет на претседавањето на Шпанија во ЕУ

Премиерот на Шпанија Хозе Луис Сапатеро изјави вчера во Атина дека економскиот развој ќе биде еден од главните приоритети на шпанското претседавање во Европската Унија во првата половина на наредната година. Сапатеро нагласи и дека Шпанија во текот на претседавањето големо внимание ќе му посвети на сузбивањето на илегалното имигрирање во ЕУ и враќањето на илегалците во земјите на потеклото.