ЕУ: присуството на Обама во Копенхаген ги зголемува очекувањата

Европските лидери изразија задоволство од најавата дека претседателот на САД Барак Обама ќе учествува на конференцијата за климатските промени во Копенхаген во декември, но се внимателни во проценките што ќе вети тој за намалување на загадувањето. Тие рекоа дека доаѓањето на Обама во Копенхаген ги зголемува очекувањата. Речиси 191 земја членка на ООН, колку што се повикани, го потврдија присуството на самитот.