Палестинците го отфрлија предлогот на Нетанјаху

Палестинската управа синоќа официјално ја отфрли понудата на Израел за привремено одложување на колонизацијата на окупираниот Западен брег и процени дека таа одлука на Тел Авив не води кон обновување на мировните преговори. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека во наредните 10 месеци ќе биде стопирана изградбата на еврејските населби на Западниот брег, но не и во Ерусалим. Нетанјаху рече и дека ова е мерка што се презема со цел да се охрабри продолжувањето на мировните преговори со Палестинците.