Студентите во Белград блокират улици

Студентите во Белград сеуште држат неколку улици под блокада во центарот на градот. Тие бараат олеснувања при упис на факултет. Претходно денеска студентите имаа средба со претставници од Министерството за образование, но тие преговори не успеале и студентите се решени да продолжат да ги блокираат улиците се додека не си ги остварат барањата. Тие пред владата поставиле голови и играат фудбал.