Во Авганистан загинал дански војник

Еден дански војник загинал денеска при експлозија во јужен Авганистан , соопштила данската армија. Војникот загинал додека бил во патрола. Досега во Авганистан загинале 28 дански војници, од кои најмногу загинале во јужниот нестабилен регион, каде се стационирани 700 припадници на данските трупи