Русија сака да биде дел од програмата за Источно партнерство

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил денеска дека Москва може да учествуваат во некоја од програмите на Европската унија за Источно партнерство. Источното партнерство е програма насочена кон поранешните советски држави. Програмата предвидува економски придобивки во замена за реформи. Русија претходно несакаше да биде дел од таа програма.