Нови 17 заболени од свински грип во Македонија

Во последите 24 часа во Македонија се регистрирани 17 нови случаи заболени со новиот тип на вирус Х1Н1, соопштуваат од Министерството за здравство. Од таму соопштуваат дека состојбата на сите кои се наоѓаат на лечење во скопските клиники е стабилна а само една жена се наоѓа во тешка состојба. Досега во Македонија од свински грип почина еден човек.