Обама ќе ја објави стратегијата за Авганистан во вторник

Од Белата Куќа и официјално потврдиле дека претседателот Барак Обама во вторник ќе ја објави стратегијата за Авганистан. Тој изминатите неколку месеци разгледуваше дали да испрати дополнителни трупи во Авганистан, како што побара генералот Стенли Меккристал.