Во Ингушетија убиени двајца милитанти

Министерот за внатрешни работи на Ингушетија изјавил денеска дека безбедносните сили убиле двајца милитанти. Тие биле убиени во градот Карабулак откако одбиле да се предадат. Активистите за човекови права ги обвинија полицијата и безбедносните сили дека убиваат, киднапираат и вршат тортура. Ингушетија граничи со Чеченија каде сеуште има насилство.