Нетенјаху предлага да се запре со изградбата на еврејските населби

Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху препорачал да се запре со изградбата на населби на Западниот брег во обид да се обноват преговорите за мир на Средниот Исток. Договорот бил постигнат денеска во канцеларијата на Нетенјаху. Замрзнувањето не го вклучува источен Ерусалим, територија која Палестинците сакаат да им се врати. Палестинците изјавија дека нема да продолжат со мировните договори се додека Израел не запре со изградбата на сите еврејски населби.